НАСА открива како да останете смирени и во најстресни ситуации

Пол Хил, директор на НАСА во текот на неговата кариера се нашол во бројни стресни ситуации, па неодамна откри како се справувал со стресот што му го приредува работата.

Хил во 2001 година ја спаси вселенската мисија од сигруна пропаст. Кога дознал дека системот за ладење на вселенскиот брод Дисковери престанал да работи, бил совршено свесен дека може да го убие целиот персонал на Меѓународната вселенска станица.

Во тој момент Хил сфатил логиката и потпирањето на досегашното искуство се клуч за успех, пишува Бизнис Инсајдер.

По десетина сложени вселенски мисии и уште повеќе ризични ситуации Хил развил стратегија на ментални вежби за борба против стресот.

– Сите се опуштаат или подобро се концетрираат кога анализираат податоци, разговараат меѓусебном, па конечно се донесува одлука – вели Хил и додава дека во кризната ситуација во 2001 година, во консултација со неговите колеги дошле до заклучот дека ладалникот на вселенскиот брод престанал да работи поради премногу влага.

– Да не ја решевме точно задачата ќе го изгубевме леталото – се присетува Хил.

Кога кризата ја завршиле Хил им се заблагодарил на сите вработени од контролниот тим и ги пофалил за добро завршената работа.

– Во тој момент бев ментално одвоен од она што се случува и си помислив – овие луѓе навистина работат одлично. Целото време бев концентриран на вистинската работа, на задачата – нагласува тој.

Клучот на успехот во борбата против стресот е всушност метод кој контролорите на летање го практикуваат за да може да бидат смирени во кризни ситуации. Секогаш кога ќе дојде време за одлука поставував по неколку прашања:

– Што се знам и што не знам за ситуацијата во која се наоѓам?
– Што велат податоците со кои располагам и како можам да ги искористам за ситуацијата?
– Која е најлошата работа што може да се случи?
– Има ли тимот доволно информации и на кој начин да ги добиеме?
– Кои се првите чекори треба да се преземат кон решавање на проблемот?