Нападнат 27-годишен Холанѓанец во ноќен клуб во Скопје

Дваесет и седумгодишно момче од Холандија ноќеска било нападнато во ноќен клуб во Скопје.

Како што информира МВР, ноќеска во 4 часот С.В.В (27) од Ротердам, Холандија, пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот на бул. „Климент Охридски“ во ноќен клуб физички бил нападнат од машко лице на возраст од околу 25 години.

Полицијата работи на расчистување на случајот.