Нападнати малолетници во автобус на ЈСП

Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа околу 20:50 часот било пријавено дека на автобуската постојка пред село Чучер Сандево, во автобус на ЈСП со бр. 81 кој сообраќал на релација Скопје-Долно Блаце неколку лица со цврсти предмети влегле во автобусот и ги нападнале А.Ф. (18) од село Долно Блаце и уште три лица, од кои две на 15 годишна возраст и едно 16 годишно лице, сите од село Долно Блаце.

МВР денеска соопшти дека екипа на Итна медицинска помош им укажала лекарска помош на местото на настанот, а А.Ф. и едно 15-годишно лице биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По настанот, повеќе жители од село Долно Блаце изразиле револт на местото на настанот, но набргу се повлекле.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.