Намалување на бројот на сторители на кривични дела во 2017 година
Дражавниот завод за статистика бележи намалување на бројот на пријавените полнолетни лица, познати сторители на кривични дела, за 10,6 проценти во 2017 година во однос на претходната 2016 година.
Според ДЗС, во 2017 година, во споредба со 2016 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 23.2 отсто, а бројот на
обвинетите лица, исто така, е намален за 20.4 проценти. Бројот на пријавените деца во судир со закон – сторители на кривични дела, во 2017 година, во споредба со 2016 година, е намален за 1.5 отсто.
Во 2017 година, во споредба со 2016 година, бројот на осудените деца во судир со закон – сторители на кривични дела е намален за 21.4 проценти.