Монструм од Прилеп ја убил девојка си пред очите на нејзиниот син

Вчера во Прилеп се случи грозоморно убиство во кое 36-годишен прилепчанец со нож ја пробол девојка си, која кај него дошла со својот син.

Од надлежното обвинителство за „Независен“ велат дека прилепчанецот во времето на извршување на делото имал два промили алкохол во крвта.

– На 28.12.2018 од слобода е лишен Х.К. (36) од Прилеп затоа што во периодот од 21.30 до 22 часот во куќа на ул. „Круме Волнарски“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош ја усмртил Е. Г. (33) од Прилеп – велат од МВР.

Оттаму додаваат дека Х.К. и Е.Г. биле во љубовна врска, а делото е извршено во куќата на Х.К., каде Е.Г. дошла заедно со нејзиниот син.

Од страна на полициски службеници на ПС Прилеп, Х.К. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Г. е дадено на обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.