Момче пронајдено мртво во хотелска соба во Скопје

Во текот на вчерашниот ден нешто пред 20 часот, од страна на Итната медицинска помош било пријавено починато лице во хотел кој се наоѓа на улица „Качанички пат”.

По увидот на МВР, било констатирано дека станува збор за 23-годишниот К.Н. од Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.