Момче од с.Љуботен повредено од огнено оружје

Ноќеска во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје било донесено 22-годишно момче од с. Љуботен, Скопско, со повредa од огнено оружје.

„Додека Ј.Б. со возило „мерцедес“ се движел по улицата Алија Авдовиќ, од страна на непознати лица било пукано кон возилото, при што тој добил прострелна рана во пределот на градниот кош“, соопшти МВР.

Повредениот со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.