Молотов коктел фрлен врз автомобил во Скопје
Две непознати лица кои биле на мотор вчера фрлиле молотов коктел кон патничко моторно возило „Пасат“ со словачки национални ознаки, кое било превезувано со шлеп служба.
Како што соопшти МВР, молотовиот коктел бил фрлен на булеварот „Александар Македонски“, додека возилото се превезувало на вештачење кон Министерството за внатрешни работи.
Двете непознати лица потоа го напуштиле местото на настанот, а возилото е делумно оштетено.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.