Млада жена се удави во Треска
Млада жена се удави вчера во реката Треска во Скопје, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 16. 55 часот, граѓанин телефонски пријавил дека во Сарај, во водите на реката Треска, во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош. Од страна на граѓани жената била извадена на брегот и според пријавата на граѓанинот, се уште давала знаци на живот. Но, кога пристигнала Итна медицинска помош, од страна на доктор констатирана е смрт.
Лицето е идентификувано и утврдено е дека се работи за М. Ц. (31) од Приштина, Косово, која била на гости кај нејзината сестра во Скопје. Според пријавеното, несреќниот настан се случил додека двете сестри се шетале покрај Треска, М.Ц се лизнала и паднала во водата. Увид извршен од јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина .