Мијалков бара да биде ослободен поради аболиција на Иванов

Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, побара судот да ја запре кривичната постапка против него повикувајќи се на аболицијата што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов.

– Предлагам судот да донесе решение за запирање на постапката кон обвинетиот Сашо Мијалков со кое ја запира постапката против него, рече адвокатот Љупчо Шврговски.

На Мијалков му се суди за предметот Таргет/Тврдина и за уште неколку други случаи на СЈО.

(Ф.Ф.С.)