Министрите на ЕУ ќе разговараат за Балканот на средба во Виена

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе имаат неформална средба во Виена утре и задутре на која ќе ја разгледуваат состојбата на Балканот, и пред се можноста за проширување на ЕУ кон југоистокот.

Австрија, која претседава со Европскиот Совет, најави дека на средбата ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Србија, Турција и Црна Гора.

– Расправата за југоисточна Европа ќе биде во согласност со развојот на настаните во претстојните месеци, со фокус на проширувањето, соопшти австриското претседателство.