МВР со детали за инцидентот во Гостивар во кој беа претепани професори

Вчера околу 22 часот во Полициската станица Гостивар, Д.И. (37) од Гостивар, пријавил дека околу 15.40 часот телефонски бил повикан од страна на професорот Б.К.

– Д.И отишол на паркингот зад училиштето и го затекнал Б.К. пред влезот на спортската сала, со крв на лицето. Б.К. му кажал на Д.И. дека бил нападнат од синот на директорот, В.К. Во тој момент, според пријавеното од Д.И., од училиштето излегол Џ.К., а Д.И. му се обратил со зборовите „Гледаш што му направивте на човекот“, по што почнале да се туркаат меѓу себе, а од зад грб на Д.И. му се приближил Х.Ф. и почнал да го удира, по што Д.И. се онесвестил. Д.И и Б.К. биле префрлени во Ургентниот центар во Гостивар, а потоа во Клинички центар Скопје – информираат од МВР.

МВР презема мерки и активности за расчистување на случајот.