Македонци и Бугари ја освоија Беласица

Над 15о туристи од Македонија и од Бугарија го покорија врвот Тумба на Беласица. Иницијативата беше на друштвото „Калабак“ од Петрич со поддршка на струмичкиот „Ентузијаст“. Походот се реализира веќе 18. година по ред, пишуваат бугарските медиуми. Интересно, на Тумба се искачи и првиот човек на Петрич, Димитар Брчков. На врвот што е распостелан на три граници, тој побара минута молчење за долгогодишниот претседател на „Калабак“ – Григор Дремџиев. Брчков на гостите од Македонија им подари икона од Св. георги, заштитник на Петрич и грб на градот.