Македонски државјани краделе дрва во Србија


Петмина македонски државјани се уапсени во Србија поради кражба на дрва. Според тамошната полиција, нашинците на возраст од 22 до 39 години биле фатени на дело во селото Миратовац кај Прешево додека бесправно сечеле шума во сопственост на „Србија шуми“.

„Државјаните на Македонија се затекнати со два трактори и две моторни пили. Во двете приколки им се пронајдени околу пет кубни метри огревни дрва. По налог на Обвинителството, на осомничените им е одредено полициско задржување од 48 часа. Против нив е поднесена кривична пријава“, соопшти полицијата во Врање.