Македонски автобус се судри со камион во Австрија


Деветмина патници се повредени, oд кои три потешко во судирот меѓу автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за македонски автобус. Во Министерството за надворешни работи засега немаат потврда.

Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре. Во автобусот имало 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.