Македонија двапати го победи Веспрем
Македонските репрезентации за ракометари до 20 и до 18 години извојуваа двојна победа против екипите на Веспрем на меѓународниот турнир во Балатонфуред, Унгарија.
Кадетската репрезентација прво го совлада тимот на Егерсеги со резултат 55:13, а избраниците на селекторот Данило Брестовац ги победија и своите врсници од Веспрем со 27:25.
Кадетите утре ќе одиграат уште еден натпревар против Егерсеги, а во недела и во понеделник ќе се сретнат со соодветната селекција на Бугарија.
И младинската репрезентација на Македонија ја победи соодветната екипа на Веспрем со резултат 23:22.
Младинците утре ќе играат против унгарскиот Ајка, а во недела и во против младинската репрезентација на Бугарија.
Овие натпревари се дел од подготовките на двете македонски репрезентации за ЕХФ шампионатите летово на кадетите во Скопје, а младинците во Тбилиси.