Македонските ракометарки ги почнаа подготовките за ЕП
Македонската женска ракометна репрезентација се собра денеска во Скопје за да го означи почетокот на еднонеделните подготовки за претстојниот силен меѓународен турнир во Турција што ќе биде последна проверка пред настапот на Европското првенство (ЕП).
Македонските ракометарки на турнирот во Турција ќе се соочат со домаќинот, како и Финска и Италија во периодот од 27 до 29 ноември.
Турнирот во Турција е дел од подготовките за Европското првество кое ќе се одржи во пет земји од 3 до 20 декември.
Македонија ќе игра во група против актуелниот шампион Норвешка, Швајцарија, како и кодомаќинот Романија, во Клуж-Напока.
Претстојното Европско првенство во историја кое ќе се одржи во пет земји, а покрај Романија кодомаќини ќе бидат Турција, Словачка, Полска и Чешка.