Македонец шверцувал илегалци во ЕУ

Четириесет и шестгодишен македонски државјанин е приведен во местото Братковец во Хрватска поради сомневање дека превезувал илегалци. Тамошната полиција го запрела неговиот автомобил со австриска регистрација, поради сомневање дека со него биле двајца државјани на Србија, кои нелегално ја минале границата меѓу БиХ и Хрватска. Нашинецот ги собрал и требало да ги пренесе во Словенија. Пред излезот од Хрватска, ги пуштил од автомобилот за повторно илегално да минат граница, а според договорот, требало да ги земе од другата страна, односно на словенечка територија. Истрагата е во тек, соопшти хрватската полиција.