Мадона бара готвач, платата е 125.000 евра


САД– Добро готвите? Фан сте на Мадона? Сакате супер да заработите? Еве еден интересен оглас. Поп ѕвездата бара готвач кој ќе биде ангажиран во нејзините куќи во Европа и САД. Платата е привлечна – 125 илјади евра годишно.

Пејачката го објавила огласот на сајтот Talent Private Staff, кој е сајт на познатата агенција за ангажиарње онлајн на персонал за домашни потреби. Поп ѕвездата во огласот нуди плата на приватниот шеф на кујна од околу 10.000 евра месечно. Но какви услови бара? Ех, не баш мали. Кандидатот ќе треба да ја следи пејачката при нејзините патувања во Лондон, Лисабон и Њујорк, бидејќи во текот на годината, Мадона ќе живее извесен период во Португалија. Понатаму, готвачот треба да биде специјализиран за „кошер“ кујна, поточно не треба да ја владее интернационалната кујна туку кујната базирана на еврејската традиција.

Второто барање е истиот готвач одлично да владее и со рецепти од италијанската кујна, а третото –  да знае да подготвува суши.