Ријана добива своја луксузна модна куќа
Франција- Ријана се подготвува за својата следна улога во модната индустрија со најголемата луксузна групација во светот како нејзин партнер.
Според повеќе извори, „Моет Хенеси Луј Витон“ (ЛВМХ) и музичката ѕвезда биле во тајни разговори за да отворат луксузна модна куќа со нејзиното име. Со тоа, оваа модна куќа ќе стане првиот моден бренд во индустријата кој модниот гигант Бернард Арно го лансирал, по Кристијан Лакроа во 1987 година. ЛВМХ веќе одбра тим од работници од самата фирма, вклучувајќи и некои од „Луј Витон“ и „Селин“, за да работат на проектот во тандем со Ријана и некои од нејзините клучни соработници, потврдуваат извори од компанијата.
Ријана веќе има покажано сериозен интерес и влијание врз модата – заедно со нејзините опасни дизајнерски способности и акутни инстинкти – со нејзиниот неодамнешен ангажман како креативен директор на „Пума“, со што го освежи германскиот спортски преку проектот „Фенти од Пума“ и го надополни со успешни обиди за производи за убавина и долна облека – првото со „Кендо“, контролирана од ЛВМХ; второто со „Тек Стајл“, модната групација со седиште во Калифорнија.
Се дознава дека нејзината колекција со ЛВМХ ќе опфаќа облека, кожени производи и додатоци, и можно е да биде пуштена во продажба заедно со нејзиниот деветти албум, што се очекува некаде подоцна оваа година, соопштува еден од изворите.
За ЛМВХ, модната линија на Ријана сигнализира уште еден потег надвор од својата комфорна зона на наследени брендови продолжувајќи да ги проширува своите фирми и неодамна инвестираше 2,6 милијарди долари во луксузен патувачки оператор „Белмонд“, сопственик на возот „Венеција Симптон-Ориент-Експрес“ и хотели, вклучувајќи ја и палатата „Копакабана“ во Рио де Жанеиро.
Само една година по нејзиното лансирање, „Фенти Бјути“ од Ријана е дигитален иноватор и шампион во разновидноста користејќи ги своите платформи со 6,3 милиони следбеници на Инстаграм, 490.000 јутјуб-претплатници и 372.000 твитер-следбеници – за да рекламираат шминка за жените со сите нијанси на тен и големина на тело.
Изворите во ЛМВХ ја опишуваат Ријана како практична жена која е многу вклучена во развојот на производите. Се дознава дека ЛМВХ започнала да го составува својот моден тим пред околу шест месеци во Париз, при што проектот бил надгледуван од Сидни Толедано, претседател и главен извршен директор на модната групација ЛМВХ, збир од модни куќи во која се наоѓаат и „Живанши“, „Селин“, „Кензо“ и „Марк Џејкобс“.
Талентот и убавината на Ријана ја направија миленичка на модни дизајнери низ целиот свет. Ѕвездата родена во Барбадос, а претходно беше модел за „Гучи“, „Емпорио Армани“ и „Балмен“.