Лига на шампиони во ракомет: Вардар не издржа 60 минути со Барселона


Македонскиот ракометен првак Вардар по втор пат за само шест дена загуби од Барселона во годинашното издание од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва загубија на гостински терен со убедливи 34:26.

Високиот пораз дојде како резултат на лошото второ полувреме што вардарци го загубија со 18:11, откако на пауза отидоа само со еден негатива (15:16).

За Вардар ова е трет пораз по осум рунди во ЛШ по што падна на четвртата позиција. Барселона е прва со седум победи и само еден пораз во групата А во ЛШ и 14 бода, два повеќе од Кјелце и четири од Рајн Некар Левен и Вардар.