Легендата Реј Вилкинс се бори за живот


Легендарниот англиски фудбалер, Реј Вилкинс, доживеа срцев удар и во критична состојба е пренесен во болница.

Вилкинс претходно паднал во неговиот дом, а 61-годишниот поранешен капитен на англиската репрезентација во моментов се наоѓа на интензивна нега во болница во Лондон, каде лекарите се борат за неговиот живот.

– Tој е во болницa на интензивна нега. Состојба не е добра и сите сме многу загрижени. Многу е лошо, изјави неговата сопруга Џеки Вилкинс.

Вилкинс 84 пати настапи за англиската репрезентација, а беше и првотимец на Челзи и Манчестер јунајтед. Кариерата ја продолжи во Милан и Пари Сен Жермен. Потоа беше ангажиран на повеќе места, а меѓудругото беше тренер на КПР и Фулам.