Легализација на хомосексуалните бракови во Србија до 2019 година

Србија до 2019 година би можела да ги одобри хомосексуалните бракови, ако сѐ оди според планот и програмата и нема опструкции, пишува српски „Блиц”.

Според Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик, регулирањето на хомосексуалните бракови е во нацрт-законот како важно прашање, но неговото усвојување нема веднаш да ја регулираат оваа област.

Професорот Миодраг Орлиќ, член на Комисијата, објаснува дека изготвувањето на законот ќе биде завршено до крајот на оваа година и ќе биде доставен до Владата на Србија, која треба да го достави до Народното собранието за усвојување.

„Блиц“ неофицијално дознава од владата на Србија дека, најверојатно, ќе се донесе закон сличен на оној што е предложен во Црна Гора.

ЛГБТ лицата ќе бидат во можност пред матичарот да го регистрираат нивното партнерство и да ги имаат истите права како и секоја брачна заедница во земјата, додека посвојувањето на деца нема да биде можно.