Кучиња нападнале двајца скопјани

Двајца жители на Скопје пријавиле вчера во полициска станица во Центар дека биле нападнати од група бездомни кучиња.

Како што соопшти МВР, едниот инцидент се случил вчера утрото околу седум часот и 15 минути на улица „Лазар Личеновски“ кога 59-годишен маж (М.С.) бил нападнат од четири кучиња и бил каснат кај левата потколеница. Нему му била укажана лекарска помош во Клиниката за инфективни болести.

Другиот случај е регистриран на улица „Трифун Хаџи Јанев“ во четвртокот вечерта околу 22 часот. Ј.С (25) била нападната од неколку кучиња скитници и била касната за десната нога. И на неа и била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје