Курц откри врска меѓу терористот од Нов Зеланд и десничарското движење во Австрија

Австрискиот канцелар Себастијан Курц во средата потврди дека постои финансиска врска меѓу Брентон Тарант, напаѓачот кој уби педесет луѓе во џамија во новозеландскиот град Крајстчрч и екстремно десничарското Идентитетско движење  во Австрија.
Курц рече дека Австрија размислува за распуштање на тоа движење, кое тврди дека сака да го зачува европскиот идентитет, пренесе Ројтерс.
Австриската полиција изврши претрес на станот на челникот на движењето Мартин Селнер. Неговата група доби донација поголема од вообичаеното, вклучувајќи ја адресата на е-меил поштата поврзана со терористот од Крајстчрч.
Од австриското обвинителство речено е дека крајно десничарското движење на Селнер беше под истрага за можни финансиски прекршоци кога беше забележана донација поголема од вообичаеното.
Донацијата вклучува адреса од е-поштата која се поклопува со името на Австралијанецот кој уби 50 лица во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд, на 15 март.