Кривична против екс директор на комуналното претпријатие од Стар Дојран

Против лицето Н.Л (29) од Нов Дојран, полициската станица од Гевгелија поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело проневера во службата.

Пријавениот се сомничи дека кривичното дело го сторил во периодот од февруари 2014 до ноември 2017 година кога како вршител на должноста директор на јавното комунално претпријатие „Комуналец-Полин“ од Стар Дојран од благајната на претпријатието земал аванси во висина од 2,5 милиони денари.

Делото го сторил противправно, без постоење основ за исплата како и начин и рок за враќање на парите.