Кривична пријава за петмина скопјани за грабнување
Полицијата поднесе кривична пријава против С.С.(39), Д.П.(40), А.Ј.(28), А.Н.(30) и Ж.М.(35), сите од Скопје за сторено кривично дело „грабнување‘‘.
Како што информира денеска МВР, пријавените на 19 јуни годинава околу 9 часот во кафе-бар во Скопје договориле средба со М.К.(45) од Скопје со цел да разговараат за неговиот паричен долг од 7.300 евра кон првопријавениот.
На средбата веднаш почнале да му се заканувааат на оштетениот дека доколку не го исплати долгот во износ од 100.000 евра ќе мора да ги препише куќата и станот. Оштетениот не се согласил, а тие насилно го внеле во патничко возило „Голф 6“ и се упатиле во скопското село Зелениково, каде физички го нападнале. Потоа го однеле во кафе барот, а од таму го пренеле во стан во Ѓорче Петров и го држеле до 6 часот, кога оштетениот успеал да побегне од станот.