Кривична за полицаец за одземање на мобилен од мигрант


Полицаец од Регионалниот центар за гранични работи Север заработи кривична пријава за одземање мобилен телефон од мигрант и за издавање фиктивна потврда за вратени предмети.

Како што соопшти МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против З.С. – вработен во РЦГРС поради постоење основи на сомнение за сторено крвично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот, во својство на одговорен полициски службеник, постапил спротивно на процедурите за привремено одземени предмети- телефонски апарат од приведено лице-мигрант . Издал наредба да се изготви фиктивна потврда за вратени предмети. Против него е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.