Кривична за заканувачот на градоначалникот на Куманово

Кривична пријава за закани кон градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и неговиот син денеска заработи 34 годишен кумановец.

Како што соопшти МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесена е кривична пријава против Д.С. за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 22 септември 2018 година, пријавениот во два наврати испратил СМС пораки на градоначалникот на Куманово во кои упатил закани кон него и неговиот син.

По преземени мерки, Д.С. е лишен од слобода и му биле одземени мобилен телефон, безбол палка, четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога марихуана и една сим картичка. Полицијата утврдила дека Д.С. е сторител на уште две кривични дела „оштетување туѓи предмети“. Тој вчера скршил излог на два штаба на политичката партија СДСМ, лоцирани на улиците „Илинденска„ и „Тоде Мендол“.