Кривична за гостиварец кој противзаконски си изградил куќа во Врапчиште


Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 66-годишник од гостиварското село Добридол поради сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.

Како што информираат од МВР, во периодот од април до 13 август годинава, во Врапчиште кај место наречено Тумчевишка Петла, на парцела во своја сопственост, пријавениот изградил објект од цврста градба и покрај тоа што од страна на Општина Врапчиште му бил издадено одобрение за градење привремен објект.