Коцијанчиќ: ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата во Косово

Европската унија внимателно го следи денешниот развој на ситуацијата во Косово и е во постојан контакт со различни страни, изјави Маја Коцијанчиќ, портпарол на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.

– Сите одговорни институции во Косово мора во целост да се придржуваат до владеењето на правото, порача Коцијанчиќ.

Повторувајќи ја осудата за убиството на еден од лидерите на косовските Срби Оливер Ивановиќ, таа изрази очекување дека косовските власти ќе ги изведат пред лицето на правдата виновниците за тој случај.

Коцијанчиќ и денеска повтори дека Косово ги крши правилата на ЦЕФТА со зголемувањето на таксите за стока од Србија и БиХ.