Коцијанчич: Приштина да ги повлече мерките, сите да се воздржат од провокации

Пораката на Брисел во врска со зголемувањето на царините за српските стоки при увоз во Косово е дека очекува Приштина да ги повлече тие мерки, а обете страни да се воздржат од провокации, изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Таа ги отфрли критиките од Приштина дека шефицата на дипломатијата на ЕУ Могерини е пристрасна и оти го критикува смао Косово.

„Реакцијата на косовските власти во овој контекст едноставно не е вистинскиот начин. Постојат начини да се решат овие прашања и со нив треба да се користите“, вели Коцијанчич. Таа посочи дека сите разлики треба да се решаваат во рамки на дијалогот Приштина – Белград.

„Последните акции, мерки и изјави од Косово и од Србија, кои другата страна ги сфати како навреди и провокација, се вознемирувачки, не му користат на дијалогот и нормализацијата на односите и подриваат се она што беше сработено во рамки на дијалогот“, рече Коцијанчич.

Што се однесува мерките кои ги воведе Приштина, Коцијанчич рече: Нашата порака е јасна и доследна. Во прашање е кршење на ЦЕФТА договорот и не е во духот на Спогодбата за стабилиазција и асоцијација.

По неуспехот на Косово да стане членка на Интерпол, Владата во Приштина вчера донесе одлука за зголемување на таксите за производите од Србија и Босна и Херцеговина за 100 проценти