Косовскот Парламент го усвои договорот за демаркација на границата со Црна Гора

По многу компликации  косовскиот Парламент со 80 гласови „за“ го усвои договорот за демаркација на гранцата со Црна Гора.

Против гласаа единаесетте пратениците од отцепеното крило на Движењето Самоопределување, кое сега делува како независна група.

По апсењето на најмалку дванаесет пратеници од Самоопределување, на гласањето присуствуваше само еден пратеник од овој политички субјект.

На изгласувањето му претходеше дебата од девет часа вчера и четри неупешни обиди да се гласа денеска, со фрлање на солзавец од страна на пратенцте на Самоопределување.

Изгласувањето го поздрави амерканскиот амбасадор Грег Делави, кој го следеше непосредно гласањето.

– Велченствен глас. Парламентот го направи потребниот чекор, им благодарам на пратенците што гласаа. Навистина преубава вест, изјави Делави.

Изгласувањето го честиташе и спикерот на Парламентот Кадри Весели, кој рече дека за граѓанте на Косово почнува пролет за нивно слободно движење. Тој додаде дека е убеден оти до крајот на годнава ќе биде добиена визна либерализација.