Косовските камионџии протестираа против патарина во Албанија

Косовски камонџии со 150 празни камиони пристигнаа на преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на албанските власти од 15 април да почнат со наплата на патарина на автопатот Тирана-Кукс.

На камионџиите кои носеа транспаренти упатени до албанските власти како “Ние не ги укинуваме границите, ние ги подигаме”, се приклучија десетици трговци од Албанија со сопствени камиони, при што се создаде колона долга неколку километри.

На автопатот Трана-Кукс-Морина, или како што го нарекуваат „Патот на нацијата“ е во должина од 110 клометри и истиот освен транспортните претпрјатија, на големо го користат и косовските туристи.

Патарината е во висина од 2,5 евра за моторцкл, 5 евра за автомобил, 11,2 евра за авотбуси, комбиња и камиони со помала носивост,додека камоните со голема носивост 22,5 евра.

За в сабота најавен е масовен протест,односно блокирање на најголемиот тунел „Калимаш“ против воведување патарина, во организација на граѓаните на Кукс  и активисти на патриотски здруженја.