Косово: Самоопределување и официјално се подели

Претседателството на Собранието на Косово вечерва го прифати барањето на 12 пратеници на „Самоопредлеување“ за формирање нова пратеничка група – Група на независни пратеници на чело со Дардан Сејдиу.

До раскол во „Самоопределување“ дојде откако таа партија на минатогодишните предвремени избори освои најголем број пратенички места, вкупно 32, но во последните месеци многу пратеници поднесоа оставки од раководните партиски позиции. За меѓусебните расправии јавноста дозна откако протекоа разговори на пратеници на Вибер, во кои имаше навреди на сметка на лидерот Албин Курти.