Косово ги забранува игрите на среќа

Владата во Приштина на синоќешната седница ги усвои измените и дополненијата на законот за игри на среќа, со кои е предложена забрана на коцкањето и затворање на сите коцкарници во следните десет години, изјавил косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

„Ние го спроведуваме барањето на Собранието. Барањето беше Владата да забрани коцкање на период од десет години и сите игри на среќа се забранети“, рекол Харадинај.

Овој чекор на владата следува по двете убиства, што се случија во две коцкарници минатата недела.