Конференција на француските и германските амбасадори од Западен Балкан

Амбасадорите на Германија и на Франција акредитирани во земјите од Западен Балкан, како и повеќемина претставници на германските и на француските министерства за надворешни работи имаа состанок во Сараево со цел да направат преглед на ситуацијата во земјите од регионот и да ги разгледаат можностите за заеднички проекти за да ја продолжат поддршката тука.

Учесниците дискутираа, меѓу останатото, за европската перспектива на земјите од регионот, за регионалната соработка, за јакнењето на владеењето на правото, за помирувањето, безбедносните прашања, улогата на жените и состојбата со ЛГБТИ лицата, како и за улогата на младите, во рамките на средбата со генералниот секретар и заменик-генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Франција и Германија имаат заеднички пристап кон земјите од Западен Балкан, за поддршка на нивната одржлива стабилност, нивниот економски и општествен развој и европската интеграција.