Кираџија чувал дрога во буре

Триесет и двегодишен жител на Тетово е приведен од полицијата поради сомневање дека во станот во кој што живеел под кирија, чувал дрога. Според МВР, акцијата била реализирана во четвртокот во стан на улицата „146“, каде како потстанар живеел А.Г. (32) од Тетово.

„При претресот во станот била пронајдена наркотична дрога марихуана со тежина од околу четири килограми. Дрогата била била сокриена во различни делови од станот – во пластично буре, стаклена тегла, најлонско ќесе и во две зипер кеси, во кујната, ходникот и спалната соба“, велат од полицијата.

Пронајдените  предмети, заедно со дрогата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени и предадени на вештачење. А.Г. бил приведен во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.