Ким Јонг-Ун наскоро во Москва

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-Ун ќе допатува во посета на Русија на разговори оваа пролет или на лето, изјави денеска рускиот пратеник Александер Башкин, пренесуваат агенциите.
„Точниот датум на посета не е утврден“, рече Башкин.
САД минатата недела воведоа нови санкции за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.
Тоа беше прв ваков чекор на Вашингтон од неуспешниот самит на лидерите на двете земји минатиот месец.