Киднапиран скопјанец за долг на пари


Маж на 45-годишна возраст од Скопје повеќе од 24 часа бил киднапиран од непознати лица во стан во општина „Ѓорче Петров“, за наводен долг на пари. Киднапираниот искористил момент на невнимание на грабнувачите и побегнал.

Како што соопшти МВР, вчера во 10  часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.К. од Скопје  пријавил дека од 19 јуни 2018 година во 9 часот од улицата „Јуриј  Гагарин“ во Скопје бил лишен од слобода од неколку непознати лица, кои го држеле во непознат стан во Ѓорче Петров, поради наводен долг на непозната сума на пари. Вчера околу 7:30 часот, поради невнимание на едно од лицата, тој успеал да избега.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.