Кејн останува во Тотенхем до 2024 годин


Тотенхем потпиша нов шестгодишен договор со својот најдобар стрелец, Хари Кејн, кој ќе остане во лондонскиот клуб до 2024 година.

Според договорот, 24-годишниот фудбалер ќе заработува по 200.000 фунти неделно, односно годишната плата ќе му биде околу 15 милиони фунти.

Кејн минатата сезона постигна 41 гол на 48 натпревари.