Кање Вест се прекрсти во „Је“
САД– Американскиот рап пејач Кање Вест го промени своето име во „Је“. Раперот објави за промената вчера на Твитер. 41-годишниот Вест е се нарекува Је некое време и го користи прекарот за неговиот осми албум, кој го издаде во јуни.
Промената дојде пред неговото учество во „Saturday Night Live“, каде што се очекува да го претстави својот нов албум Yandhi. Таму ја замени пејачката Аријана Гранде, која го откажа учеството поради „емоционални причини“.
Покрај тоа што е кратенка од неговиот претходен прекар, Вест гледа на „Је“ во религиозен контекст. „Верувам дека „Је“ е најчесто користен збор во Библијата, тоа значи „ти“, вели Вест, цитиран од Би-Би-Си.
Тој е еден од неколкуте познати рапери кои ги сменија имињата. Шон Комбс, на пример, користи многу сценски псевдоними: Puff Daddy, Pi Didi, Didi и други.