Карли Клос фатална во рекламата за новиот парфем на Херера


САД- „Каролина  Херера“ лансираше нов женски парфем – Good Girl Velvet Fatale.

За рекламната кампања за парфемот позира супермоделот Карли Клос, облечена во секси црвен фустан во ретро џез атмосфера. Опкружена со убаво облечени дами и господа, долгоногата убавица позира пред објективот на Среж Леблон.

Новиот парфем од Херера, е опишан како силен и порвокативен, а содржи ноти од јасмин, тубероза и какао и е посвежа варијанта од претходниоте два парфема во облик на штикла.