Камелија Недев државен шампион во карате
На последното државно првенство во традиционално карате Камелија Недев освои прво место со што стана шампион на Македонија во дисциплината кихон-кумите за деца од шест до седум години.
Камелија е ќерка на каратистот Дејан Недев, а активно вежба една година. Ова е нејзин трет освоен медал во конкуренција на деца од шест до седум години. Тренери и се таткото Дејан, дедото Венцислав и чичкото Аљоша Недев.
По стапките на Камелија тргнаа и нејзините братучеди Софија и Филип кои исто така почнаа со карате тренинзите. Традицијата продолжува, ова ќе биде трета генерација каратисти од семејството Недеви.