Исчезнат 31-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Триесет и едногодишен маж бил пронајден мртов во стан во Скопје, откако претходниот ден бил пријавен за исчезнат.

Како што наведуваат од МВР, на 16.3.2018 година во 10:45 часот во Секторот за внатрешни работи-Скопје, И.П.Н. пријавил дека околу 10:30 часот на улицата „Пушкинова“ во стан го пронашол безживотното тело на В.Т.(31) од с.Пакошево, Скопско, кој претходниот ден бил пријавен за исчезнат.

Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт. На местото на настанот излегле полициски службеници, јавен обвинител и судски обдуцент и бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.