Израелска министерка во кампања користи парфем наречен „фашизам“

Во кампањата за претстојните избори, израелската министерка за правда Ајелед Шакед се појави на видеоснимка во која провокативно рекламира парфем наречен „фашизам“.

Шакед е член на ултрадесничарската партија Нова десница. Во црно-белиот спот, таа се прска со парфемот „фашизам“ додека ги шепоти клучните политички пораки: „Реформа на судството“ и “Ограничување на Врховниот суд”.

Реакциите на социјалните мрежи се измешани. Некои велат дека шегата е премногу блиска до вистината укажувајќи дека Шакед промовира ултранационалистичка и авторитарна политика.