Земјотрес регистриран на Закинтос

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран западно од грчкиот остров Закинтос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика.

Епицентарот на земјотресот бил во Јонско Море западно од Закинтос, на длабочина од пет километри.

Се уште нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета.

Закинтос е познат по честите земјотреси и на островот има строги правила за градење.