Зголемен бројот на сообраќајки, намален бројот на загинати и тешко повредени лица во Tетовско
Ниту една жртва и едно тешко повредено лице се дел од последиците во вкупно 77 сообраќајни несреќи што во текот на мај се случиле на тетовското подрачје, информираа од СВР Тетово.
Иако бројката на сообраќајки е за 10 случаи повеќе во однос на истиот период лани тогаш имало еден загинат и шест тешко повредени лица.
Од другите последици од сообраќајките во изминатиот месец годинава, 26 лица завршиле со лесни повреди додека во 43 несреќи била причинета само материјална штета што вкупно се проценува на над четири милиони и 600 илјади денари.
Најмногу од несреќите или 54, повторно се случиле во населено место пред се на тетовските улици каде имало 38 вакви инциденти и каде предничат булеварите „Илинденска“, „Маршал Тито“ и „Видоe Смилевски-Бато“, потоа на регионалниот пат Тетово-Пирок со 17 сообраќајки, а на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје имало 14 вакви несреќи.
Најчеста причина за несреќите и во минатиот месец била неприлагодената брзина односно пребрзото возење со 17 случаи, а веднаш потоа неправилно вршење дејствие како причина за 15 инциденти.
Истовремено, во изминатиот месец на тетовското подрачје од страна на полицијата вкупно биле контролирани 4.099 возила при што биле откриени 1.329 најразлични видови прекршоци.
Откриените прекршоци биле санкционирани со 664 мандатни, 479 прекршочни платни налози и со 168 писмени предупредувања на прекршителите покажува полициската статистика.