Затворска казна за син на поранешна судијка за настаните од 27 април

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина. На судското рочиште вина признале обвинетите Васко Цунгаревски и Димитар Попоски за кривичното дело насилство, пишува Макфакс.

Цунгаровски, кој е син на екссудијката од Основниот суд Скопје 2, Зорица Цунгаровска, учествувал во насилството во Собранието и според обвинението на Основното јавно обвинителство од Скопје, тој му се заканувал на премиерот Заев. Судијката Оља Ристова го осуди на казна затвор од една година и 3 месеци.

Вториот обвинет доби алтернативна мерка – условна казна затвор од 2 години ако во следните 5 години не стори ново кривично дело. Тој му се заканувал на пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Пресудата не е правосилна, па осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд.

За крвавиот четврток беа досудени 9 условни казни, а двајца обвинети за насилство признаа вина и добија затворски казни.