Заработка од која боли глава


Извршниот директор на компанијата „Епл”, Тим Кук  оваа година доби 46 отсто покачување, заработувајќи  вкупно 12,8 милиони долари по успешните деловни резултати на овој технолошки гигант.Од оваа сума, неговата редовна плата изнесува околу 3 милиони долари,  пренесува Бизнис инсајдер.Кук минатата година заработи вкупно 8,7 милиони долари, а 10,2 милиони долари во 2015 година. Американската компанија ја надмина целта во поглед  на продажбата и приходите оваа година, при што  нето продажбата достигна 229,2 милијарди долари и оперативни приходи од 61,3 милијарди долари. Вредноста на акциите на „Епл”  оваа година се зголеми за 36,7%.